Хамилтон ги продал сите автомобили

Макфакс

20/09/2025

08:56

585

Големина на фонт

а а а

Луис Хамилтон, ѕвездата на Ферари и најуспешниот возач на Формула 1 на сите времиња, откри како се ослободил од својата колекција автомобили вредна повеќе милиони евра и се свртел кон нова страст, уметноста.

Седумкратниот светски шампион и рекордер со 105 победи им го потврди ова на новинарите во Баку во пресрет на Големата награда на Азербејџан, пишува „GrandPrix247“.

40-годишниот Британец потврди дека неговата гаража, која некогаш содржеше ретки примероци на Ферари, Мерцедеси и Мекларени, сега е празна.

„Веќе немам автомобили. Се ослободив од сите мои автомобили, сега повеќе ме интересира уметноста. Ако требаше да купам автомобил, тоа би бил Ферари Ф40. Но, тоа е прекрасно уметничко дело“, рече Хамилтон.

Хамилтон беше фотографиран веднаш до Ф40 на тест-патеката на Ферари во Фиорано во јануари, кога се приклучи на италијанскиот тим. Како долгогодишен еколог и веган, Хамилтон почна да ја намалува својата колекција уште во 2019 година, продавајќи го својот приватен авион и преминувајќи на електрични модели.

„Го возам само мојот електричен Mercedes EQC“, рече тој во 2020 година.