Рајндерс издвои две екипи во трката за пехарот во Серија А

Дерби

20/09/2025

10:28

133

Големина на фонт

а а а

Тиџани Рајндерс од оваа сезона е дел од Манчестер Сити, тим во кој се пресели од редовите на Милан каде имаше одлични изданија во периодот од 2023 до 2025 година.

Токму тие партии му овозможија да се пресели на „Итихад“ и да работи со еден од најдобрите тренери на сите времиња Пеп Гвардиола.

Меѓутоа Холанѓанецот и понатаму прати што се случува во Серија А и запрашан за тоа кој е фаворит за Скудетото издвои две екипи.

-Тешко бидејќи сезоната само што започна. Ама она што го видов сега е Наполи, кој победи на три од три натпревари и се снаоѓа навистина добро. Но, секако се надевам дека Милан ќе триумфира. Ќе видиме на крајот од сезоната, -порача Рајндерс.