Меси за две ипол години во Мајами заработил 150 милиони долари

Макфакс

20/09/2025

08:50

317

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси (38) ќе го заврши својот договор со Интер Мајами на крајот од оваа година, потпишан во летото 2023 година. „Мајами Хералд“ пишува дека сега „по долги преговори, кои се влечеа во последните неколку месеци, Интер Мајами и аргентинската легенда се согласија за условите на нов, повеќегодишен договор“ и додава: „Тоа ќе биде последниот договор во кариерата на Меси, а објавата се очекува за десет дена“.

„Мајами Хералд“, наведува дека платата на Меси по сезона е 20,45 милиони долари, но дека вкупната вредност на неговиот тековен договор е од 130 до 150 милиони долари.

„Тоа вклучува и удел во клубот откако ќе ја заврши кариерата“, додава „Мајами Хералд“ и објаснува дека ангажманот на Аргентинецот во клупската каса слеал многу пари.


„Пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имаше годишен приход помеѓу 50 и 60 милиони долари. Откако дојде Меси, веќе по само половина од неговата прва година во клубот,приходите беа помеѓу 120 и 130 милиони долари. За оваа година, проекцијата е дека приход ќе биде околу 300 милиони долари.

Цените на билетите за домашните и гостинските натпревари на Мајами, спонзорските договори и продажбата на дресови и сувенири, сето тоа доживеа невиден раст откако Меси дојде во Америка.“ Меси постигна 62 гола и забележа 30 асистенции во 75 настапи за Мајами.


Слична проекција има и „ESPN“. Овој медиум наведува дека Меси има годишна плата од 20,45 милиони долари, но дека ова е само дел од неговата вкупна заработка, која медиумот ја проценува на 150 милиони долари за две и пол години.

„Голем дел од оваа сума покрива „Apple“ бидејќи гигантот што ги има телевизиските права за натпреварите од МЛС според договорот со Меси му плаќа дел од заработката“.