Габија: Тоа беше чист пенал над Нкунку

Дерби

15/09/2025

13:50

126

Големина на фонт

а а а

Милан ја совлада Болоња со 1-0 во последниот натпревар од вчерашната програма во Серија А, победа број два за клубот од Милано во тековната сезона.

Истата можеше да биде поубедлива ако домаќините добиеја пенал во самата завршница, ситуација при која во главна улога беше Нкунку и се гледаше дали има прекршок врз него за најстрога казна за да на крајот со помош на ВАР биде одлучено дека нема услови за удар од белата точка.

- Според нас, како тим, тоа е пенал. Потоа одлуките ги носат други луѓе; судиите видоа нешто друго. За среќа, денес тимската работа ни овозможи да го добиеме натпреварот. Бескорисно е да се задржувам на инцидентот. Жал ми е за Крис бидејќи тој ќе го искористеше, сакав да се тргне со погодок во својот прв натпревар на Сан Сиро, - истакна дефанзивецот Матео Габија кој даде оценка за досегашните настапи на екипата.

- Денес, а исто така и во Лече, дадовме позитивни одговори првенствено на самите себе. Сакам да ги пофалам Санти, Лофтус и Пулишиќ. Напред, тие ни помогнаа со жесток пресинг што ни го олесни животот во одбраната. Ова е навистина тимска работа. Тренерот го нагласува ова и постојано го потврдува секој ден. Сакаме да се подобриме и да продолжиме да притискаме понатаму, - заврши Габија.