[ФОТО] Бјанка Ценсори има „близначка“ во Европа: Се појави во бунда, па се прошета „гола“

Точка

12/09/2025

21:39

944

Големина на фонт

а а а

Популарната словачка инфлуенсерка идејата за стајлингот ја добила од Бјанка Ценсори, сопругата на Канје Вест.

Имено претходно оваа година Ценсори ги шокираше обожавателите ширум светот кога пристигна гола на доделувањето на Греми наградите.


Но, неодамна и Словакинката, Бјанка Руманова ја шокираше тамошната јавност кога се појави целосно гола на забава организирана од телевизиската куќа „JOJ“. Имено на „виолетовиот“ килим, таа носела проѕирен фустан со танга во боја на кожа, а градите не ги покри.




Покрај тоа Руманова дури и ги копираше позите на американската Бјанка…



Пред пристигнувањето на настанот инфлуенсерката го најави изненадувањето на социјалните мрежи, пишувајќи: „Денес интернетот можеби ќе се сруши“. Подоцна ја објаснила својата прва објава, како што пренесе Diva.sk. „Кога велам yolo (Еднаш се живее), тоа ќе биде сериозно yolo. Се радувам на тоа и имам почит кон тоа. Правењето нешто контроверзно што на крајот ќе има убава идеја бара храброст. Сега ќе напишам нешто на што не сум навикната. Но, кој ќе го направи тоа, ако не јас? Само еднаш живееме и ова е шоу-бизнис, душо“, рече Руманова.



Пред да се појави на настанот, таа им даде на своите обожаватели уште една индикација за најавеното изненадување. „Не осудувајте, сфатете го тоа уметнички и размислете околу тоа дека ќе имате убав крај“, рече таа.

Сепак, она што го направи Руманова на настанот беше сосема неочекувано, а на многумина не им се допадна фактот што во такво издание пристигнала на еден од најголемите настани во Словачка.


Инаку, Бјанка е една од најследените Словакинки на Инстаграм и моментално има повеќе од 340.000 следбеници. Колку е влијателна на социјалните мрежи покажува и фактот дека стотици илјади луѓе го следеле развојот на нејзината, навидум идилична, врска со инфлуенсерот Филип Јованович. Бјанка и Филип дури и планирале венчавка, но Бјанка ги шокирала сите кога решила да ја прекине врската со него. Причината била неговиот зафатен распоред, кој не се совпаѓал со нејзините планови.