Дојде денот: Брегалница го слави својот 100-годишен јубилеј со специјални гости од Црвена Звезда

Дерби

12/09/2025

12:25

188

Големина на фонт

а а а

Брегалница денеска ќе го прослави својот 100-годишен јубилеј и тоа ќе го направи на навистина голем и посебен начин, односно со ревијален натпревар меѓу легенди на штипската гордост и гостинска екипа составена од легендарни ѕвезди на Црвена Звезда.

Ветераните на двата тима вечерва ќе истрчаа на Градскиот стадион во Штип во 19:00 часот и за очекување е натпреварот да понуди добар фудбал, дружење, награди, признанија и фотографии за спомен, но пред да дојде до тоа, планот е да се посети и споменикот на Драгослав Шекуларац.

Човекот кој е фудбалски симбол за градот Штип пред речиси пет децении режираше незаборавен фудбалски спектакл во градот под Исарот, а сега во период кога се слави 100-годишнината на Брегалница, денешниот настан не може да мине без оддавање почит на „втората ѕвезда“ на Црвена Звезда.

Овој чин е планирано да се реализира по пристигнувањето на гостите од Белград некаде околу 15:00 часот, додека денешниот спектакл кој е закажан под рефлектори треба да почне во 19:00 часот.

Влезниците на ревијалниот фудбалски натпревар на ветераните се продаваат по симболична сума од 150 денари, а истите се уште можат да се купат на билетарата на стадионот во Штип.