Пред нас е четвртото коло во англиската Премиер лигата, а во пресрет на тие возбудувања англиската фудбалска легенда Рио Фердинанд го промени својот тип, прогноза кога е во прашање трката за титулата.
Иако сè уште сме во раната фаза, Рио одлучи да го смени првичниот став во кој како екипи фаворити за пехарот ги гледаше Ливерпул и Манчестер Сити, поточно сега друштво на „црвените“ им прави Арсенал.
- Мислам дека секогаш треба да се има почит кон шампионите, без разлика кој и да е. Шампионите обично влегуваат во следната сезона како тим што треба да се победи, тоа е неизбежно. Ако го погледнете начинот на кој Ливерпул регрутираше играчи во текот на летото, тие имаа убедливо најдобар трансфер период. Нивните намери беа чисти, чисти и транспарентни од самиот почеток, и успеаја да извршат сè освен Марк Геји. Да го доведоа и него, мислам дека ќе исчестеа се пред себе, да бидам искрен.
- Мислам дека единствениот тим што ќе биде блиску до Ливерпул оваа сезона е Арсенал. Тие имаат одличен состав, навистина добра длабочина со оние што ги купија. Мислам дека имаа добар преоден рок и ако Ѓокереш дојде добро, тоа ги става во подобра позиција.
- Не мислам дека ќе видиме некој друг. Секој што мислите дека би можел да биде изненадување, Њукасл или Челси, мислам дека европскиот фудбал малку ги попречува во тој поглед. Само барањата што ги поставува врз тимот, - смета Фердинанд.