Светскиот шампион гледа светлина на крајот од тунелот: Добиваат казна од шест месеци поради кокаин, а јас заглавив…

Дерби

12/09/2025

13:28

340

Големина на фонт

а а а

Папу Гомез доживеа најголема слава на крајот на 2022-ра година како дел од тимот на Аргентина кој стана светски шампион, но неполна година подоцна, животот му се претвори во пекол, и тоа поради едно случајно консумирање на детски сируп.

Поранешниот аргентински репрезентативец доби двегодишна забрана за играње фудбал поради пронајдена супстанца која е забранета од Светската антидопинг агенција, па иако Папу излезе со докази кои укажуваа на тоа дека се контамирал од сирупот кој го пиел неговиот син, ВАДА беше доста ригорозна и му додели жестока казна.

Истата беше одобрена од ФИФА и сега Гомез се наоѓа во завршна фаза од отслужување на казната, па во пресрет на новиот предизвик кој ќе го има во кариерата, искусниот фудбалер се наврати и на најмрачните моменти.

– Првите месеци беа најтешки, не можев да разберам зошто ми се случува тоа на мене, и тоа во периодот кога бев во најдобра форма во кариерата. Станав светски шампион со Аргентина, а потоа добив сериозен удар. Таков е животот, полн со непријатни изненадуавања, но и удари од кои мора да застанете на нозе и да продолжите напред.

– Најмногу ме боли третманот. Ако консумираш кокаин, или марихуана, ќе ви дадат казна од шест месеци, јас заглавив две години поради сируп за кашлица на мојот син. Ми беше многу тешко, виситна е дека го испив сирупот, но не знаев какви супстанци има во него. Тоа го направив ненамерно и скапо платив за тоа. Минав тежок период, работев и со психолог на стартот, но сега се ближи крајот, – вели Папу кој потпиша за Падова и ќе игра во Серија Б.

Казната на Гомез истекува во месец октомври, па ќе биде нависитна интересно да се види во каква форма е искусното крило по двегодишната пауза.