Манчестер Јунајтед бараше решение за Андре Онана откако клубот реши да го ангажира Сен Ламенс во последниот ден од летниот преоден рок во топ 5 лигите во Европа, но на крајот успеа да го искористи продолжениот летен период во неколку земји за да се ослободи од Камерунецот.
Онана се претвори во трет голман на Рубен Аморим по Бајиндир и Ламенс, а тоа беше јасна препорака за него дека е прекуброен во тимот, што на крајот го натера да бара и решенија на кои не мислеше до пред извесно време.
Во раната фаза од месец септември, Трабзонспор изрази голема желба да го ангажира поранешниот голман на Интер, па во последниот ден од турскиот преоден рок успеа да го направи тоа.
Трабзонспор го потврди заемот кој ќе трае до крајот на сезоната, а Јунајтед го испрати Андре во Турција со пет реченици.
– Голманот на Манчестер Јунајтед, Андре Онана, му се приклучува на Трабзонспор на позајмица до крајот на сезоната, нешто што ќе биде реализирано откако ќе добие меѓународна дозвола за регистрација. 29-годишниот камерунски репрезентативец има одигра 102 натпревари за „црвените ѓаволи“ откако потпиша од италијанскиот гигант Интер во јули 2023 година.
– Во својата прва сезона во Јунајтед, Андре беше дел од тимот што го освои ФА Купот по победата од 2-1 над Манчестер Сити на стадионот „Вембли“. Онана одигра 50 натпревари во својата втора сезона, а нашиот играч со број 24 сега се согласи на позајмица во Трабзонспор. Трансферот е завршен пред затворањето на турскиот преоден рок во петок и би сакале да му посакаме среќа на Андре, – гласи објавата на Манчестер.
🧤 @AndreyOnana has completed a loan move to Turkish side Trabzonspor.
— Manchester United (@ManUtd) September 11, 2025
Best of luck for the remainder of 2025/26, Andre!