Сите вистински љубители на фудбалот добро се сеќаваат на Јап Стам, дефанзивната машина која беше страв и трепет за сите офанзивци и напаѓачи на крајот на минатиот и почетокот на овој век.
Стам беше дел од големи клубови како ПСВ, Лацио, Манчестер Јунајтед, Милан и Ајакс, клубови со реноме, традиција, а во сите од нив Холаѓанецот имаше значајна улога.
Јап беше меѓу најдобрите стопери на светот и дефинитивно знае што значи да се игра на највисоко ниво, па запрашан за тоа кој денеска е најкомплетен дефанзивец на планетава неговиот став беше многу јасен-Вирџил Ван Дајк.
- Мислам дека Вирџил е најдобриот дефанзивец во светот. Никој не е совршен, но со својата харизма, физичка кондиција, способност за играње со глава, способност за додавање и лидерски вештини, тој го има целиот пакет. Во ситуации еден на еден, Вирџил само се подобруваше. Тој е комплетен дефанзивец ако погледнете што бара иднината од еден дефанзивец, - порачува Стам за капитенот на Ливерпул.