Гулам: ПСЖ направи голема грешка со Донарума

Дерби

12/09/2025

10:15

177

Големина на фонт

а а а

Актуелниот француски и европски шампион, Пари Сен Жермен направи еден неочекуван потег во летниот преоден рок каде се откаже од еден од најзначајните играчи од минатата сезона-Џанлуиџи Донарума.

Италијанецот бранеше во извонреден форма и беше меѓу најзаслужните што ПСЖ конечно го оствари сонот и го освои пехарот во Лигата на шампионите.

Меѓутоа „светците“ се решија да тргнат во друг правец, го доведоа Лукас Шевалие од Лил и го ставија Донарума во незгодна позиција да си бара нов клуб што на крајот го направи и се пресели во Манчестер Сити.

- ПСЖ направи огромна грешка и не го почитуваше Џиџио. Сакаа да му угодат на Луис Енрике затоа што донесе титула, но не можете да му го направите ова на клучен играч, одлучувачки за самите победи. Џиџио е меѓу топ 2 или топ 3 најдобри голмани во светот и ќе биде меѓу десетте за Златната топка.

- Шевалие е многу добар, но се прашувам: ако Џиџио не беше толку добар со нозете како што велат луѓето, доволно да го натера ПСЖ да направи промена, дали некој како Пеп ќе го потпишеше? Овој изговор нема смисла,  -вели некогашниот член на Наполи, Фаузи Гулам.