Милан бараше решение за своите отпишани фудбалери и по затворениот преоден рок во топ пет лигите во Европа, па откако му пронајде нова средина на Исмаел Бенасер, сега се ослободи и од Јасин Адли.
Бенасер замина на позајмица во Динамо и ќе биде дел од познатиот хрватски великан, додека Адли оди далеку од Европа откако договорил перманентен трансфер во Ал Шабаб.
Играчот за врска минатата сезона ја мина на позајмица во Фиорентина и остави навистина добар впечаток, па иако се чинеше дека тоа е добра препорака за останување во Европа, Јасин не успеа да добие доволно примамлива понуда до 1-ви септември.
Тоа му отвори нови хоризонти и понуди од клубови кои се натпреваруваат надвор од Европа, а неговиот конечн избор падна на Саудиска Арабија и Ал Шабаб.
Милан денеска потврди дека Адли си заминува на перманентна основа и дефинитивно го напуштил клубот, а според најавите на медиумите, клубот од неговата продажба ќе инкасира околу 7 милиони евра.