Балак објасни зошто Вирц го избрал Ливерпул пред Баерн: Постои само една сурова реалност

Дерби

11/09/2025

14:21

505

Големина на фонт

а а а

Михаел Балак е германска фудбалска легенда која својата кариера ја градеше во Бундеслигата, но откако се докажа на највисоко ниво како член на Баер Леверкузен и Баерн Минхен, во завршната етапа настапуваше и за Челси.

Балак имаше успешен период во Англија и остана четири години во Премиер лигата, а како човек кој добро ги познава разликите меѓу двете натпреварувања, сега ги искоментира трансферите на две германски ѕвезди во овој летен преоден рок.

Флоријан Вирц во мега трансфер го засили Ливерпул и му даде предност на англискиот првак пред Баерн Минхен, додека Ник Волтемаде во неочекувано висок трансфер на крајот на преодниот рок замина во Њукасл.

– Англиските клубови плаќаат нестварни и луди цени и тоа стана реалност, но не е смао тоа. Баерн исто така беше подготвен да плати 100 милиони евра за пакетот Флоријан Вирц. Случајот со Волтемаде е поинаков, Баерн имаше одреден финансиски буџет за него. Сметаше дека не вреди повеќе од 55 милиони евра и тоа е фер.

– Мене ме загрижува нешто друго, а тоа говори многу за разликата меѓу Германија и Англија. Ќе го земам за пример потегот на Вирц. Дали имаше логика за него да остане да се развива во Бундеслигата уште две или три години како играч на Баерн?

– Сигурно ќе освоеше титули во Баерн, но Бундеслигата веќе не е предизвик на највисоко можно ниво. Бундеслигата е престигната од Премиер лигата уште одамна и тоа е суровата реалност. Бундеслигата веќе не е атрактивна за најдобрите играчи и затоа играчите од Германија бараат промена на друго место, – смета Балак.