Норвешка ја декласираше Молдавија со 11:1 и ја израмни втората највисока победа во едни квалификации за Светско првенство, па иако овој резултат донесе голем срам за сите членови во противничкиот табор, убедливо најтешко му беше на голманот.
Кристијан Аврам прими 11 голови од Норвешка и вечно ќе го памети соочувањето со оваа скандинавска селекција, но особено дуелите со Ерлинг Халанд и Тело Асгард кои беа посебно немилосрдни со пет, односно четири погодоци.
Халанд беше најдобар стрелец и дури пет пати се запиша во листата на стрелците, а интересно, по крајот на историската победа имал и порака за противничкиот чувар на мрежата.
– Зборував со Халанд по натпреварот и само ми рече дека нема ништо лично. Ми порача дека не е негова вина што дадоа толку голови. Јасно ми е дека тие само се обидуваа да ја „набилдаат“ својата гол-разлика.
– Го сфаќам што сакаше да каже и тоа е дел од играта. Секој играч треба да го дава максимумот до самиот крај, без оглед на околностите. Мене ми следи нов меч на клупско ниво за неколку дена, но навистина е тешко да размислувате после 11 примени гола, – порачува Аврам.