Словенечката репрезентација се прикажа во одлично светло во четвртфиналето на Европското првенство и остави извонреден впечаток против светскиот шампион Германија, но наместо да се зборува за кошарка, по крајот на овој натпревар најчести се изјавите поврзани за судискиот критериум.
Словенците останаа огорчени од судиската арбитража во Рига и го искажаа незадоволството уште на теренот, но убедливо најбесен беше Ален Омиќ.
– Сите велат дека ова беше еден од најдобрите натпревари на Евробаскетот, да имаше правда, ќе беше и најдобар на цело Европско првенство. Видовте сами, не може да играте кошарка на ваков начин. Играње кошарка 8 против 5 не е кошарка, – изјави Омиќ, јасно алудирајќи дека тројцата судии биле на страна на Германците во клучните моменти од мечот.
– Тоа што го доживеав овојпат го немам доживеано во цела моја кариера. Го почитуваме грбот на Словенија, дојдовме да се бориме за нашата земја и покажавме дека навистина го правиме тоа.
– Не може да не покажете почит и респект кон играчи како Дончиќ, не може да не го заштитите. Судиите реагираа такашто не наполнија со фаули и не можевме да играме агресивна одбрана на крајот. Со енергијата и желбата покажавме дека сакаме повеќе од четвртфинале, но на некој начин добивме забрана да победиме, – изјави Омиќ.