Додека во медиумите сè уште се појавуваат разни приказни за развод, поделба на имотот и новата девојка на Бастијан, Ана Ивановиќ блеска како никогаш досега и плени каде и да се појави.
Познатата тенисерка беше главна ѕвезда на гламурозниот настан на езерото Алстер во Хамбург, а ја следеше германскиот Вог.
Розови маси, под, столчиња, цвеќиња и коктели во иста нијанса, големи шишенца парфем како главна декорација на гала-настанот на брегот на езерото Алстер, со прекрасен поглед на градот – вака изгледаше отворањето на кафулето „Мис Диор“ во Хамбург. Но, една специјална гостинка ја направи приказната уште поспектакуларна. Ана Ивановиќ, српската спортска икона, внесе посебна доза на елеганција и шарм во тој сончев ден.
Во текот на последните месеци поранешната тениска ѕвезда е во центарот на вниманието, а поради добро позната причина, бескрајните шпекулации за развод. Меѓутоа, сите се согласуваат дека воопшто не изгледа како дека има некои големи проблеми, напротив таа блеска каде и да се појави и освојува со насмевката, а многумина тврдат дека изгледа – никогаш подобро.
За оваа пригода, шармантната белграѓанка избра стајлинг кој ги истакна нејзините долги нозе – едноставен, мини, беж фустан со кратки ракави, кој строго не ја следеше силуетата. Ана го надополни гламурозното издание со црни потпетици и во согласност со настанот, ја носеше и култната чанта „Мис Диор“. Нејзиниот престој во Хамбург го забележа и „Вог“, кој ја следеше одблизу.
Ивановиќ неколку пати се појави во германското издание на ова престижно списание, а во февруари 2019 година таа и Бастијан се појавија на насловната страница на списанието.