Нова боја на македонската музичка сцена – ТЕГЕТ

Точка

05/09/2025

12:53

207

Големина на фонт

а а а

Има посебна убавина во најава на овој настан....ТЕГЕТ. Нашите Благојче Томевски – бас кларинет, Нинослав Спировски – тенор и сопран саксофон, Филип Букршлиев - гитара, Влатко Јаневски – бас гитара, Дарио Циевски - тапани, Дориан Јовановиќ - бас, Никола Коџабашија – клавијатури, Александар Поп Христов - коментаристичка гитара, Пано Панче Бујуклиев – електроника.Од сите страни на светот, секој со својот инструмент, секој со својата оргиналност и уникатност, заедно во нашето Скопје, на иста сцена, во име на и за музиката.

На прашањето зошто ТЕГЕТ, Никола Коџабашија вели:

“По созрцанието на АЛШАР ансамбл од 80-тите и 90-тите години, фурешкум, произлезе потреба за нов еклектичен музички вознеж. Тој се манифестира апансас како нова ТЕГЕТ варијациа на Белите мугри.”


Веруваме дека овој настан ќе ја збогати националната музичко-културна архива, и ќе даде свој придонес за македонската музичка и културна сцена, воопшто.


За рамнодушност нема место. Примамливо зa секого, а особено за музички едуцираната публика, овој приказ на креативноста, интуитивноста, амбицијата, упорноста и желбата за креација, за создавање нешто ново, носи надеж дека ќе инспирира и мотивира многумина понатаму.


Да нурнеме заедно во светот на ТЕГЕТ, да ја исполниме оваа вечер со музика, емоција, енергија и да создадеме незаборавно доживување во вторник на 09.09.2025 во Кино Фросина (МКЦ), со почеток во 21.00 часот. Не пропуштајте!


Билети во продажба на www.mktikets.mk по цена од 500 МКД.

Фото: Георги Божиков