Оскаровката Анџелина Џоли на сетот на филмот „Anxious People“ својата препознатлива долга коса ја заменила со кратка фризура во целосно друга нијанса на боја.
Откако Кејт Мидлтон изненади со својата боја на коса и славната актерка целосно ја сменила фризурата. Светот го обиколија фотографии од сетот на филмот „Anxious People“ за чии потреби славната актерка својата препознатлива долга коса ја заменила со руса боб фризура, веројатно перика за потребите на филмот во режија на Марк Форстер.
Впечатокот на новата фризура на Анџелина го зголемил нејзиниот стајлинг – бело пончо со појас над свилен миди-фустан, високи потпетици, голем златен брош и црвен кармин.
На снимањето пристигнала со синот Медокс, а на сетот ѝ се придружиле и Џејсон Сегал како и Ејми ли Вуд.
Angelina Jolie as a blonde on the set of the comedy "Disturbing People" pic.twitter.com/nCjk8zsEPr
— Alexej Shelikhovskij (@shelikhovskij) September 5, 2025
Станува збор за драма направена врз основа на романот на авторот Фредрик Бакман, а сценариото е сместено воочи Божиќ, а Анџелина глуми инвестициска банкарка која ќе се најде во друштво на странец на разгледување стан, пред да се случи грабеж и криза со заложници во банката.
По овој филм за Анџелина нема одмор. Повторно ќе соработува со режисерот Даг Лиман на нов шпионски трилер „The Initiative“ во којшто ќе глуми мајстор за шпионажи.
Анџелина освен новите улоги има и промени во приватниот живот. Наводно има намера да ја продаде својата куќа во Лос Анџелес и да се пресели во странство кога нејзините најмлади деца, близнаците Нокс и Вивиен наредната година ќе наполнат 18 години.
Упатен извор вели дека Анџелина никогаш не сакала засекогаш да живее во Лос Анџелес, но немала избор поради договорот со Бред околу старателството.
Поранешниот пар постигнал договор во декември 2024 година со што ја заврши осумгодишната правна битка околу разводот.