Германија продолжува да лута како фудбалска репрезентација и никако не успева да се врати на старите славни патеки, а најнов доказ за такво нешто беше вчерашниот квалификациски меч кој се одигра во Братислава.
Словачка како далеку послаба селекција направи вистинска сензација и извојува победа од 2:0 против четата на Јулијан Нагелсман, па иако станува збор за прв натпревар на „панцирите“ во овој циклус, Јулијан Нагелсман го крена гласот како предводник на тимот и реши жестоко да ги опомене своите повикани ѕвезди.
– Со исклучок на двајца-тројца играчи кои се повредени и кои не се со нас, ова се најдобрите играчи кои ги имаме во Германија. Можеби следниот пат ќе повикам играчи кои немаат толкав квалитет, но кои ќе дадат сè од себе, – бесно порача Нагелсман, јасно ставајќи до знаење дека е разочаран од пристапот и залагањето на своите играчи.
– Јас им верувам на моите играчи, но не е доволно само да бидете подобар од противникот. Тоа не ви гарантира победа, ако не покажете желба и стремеж за победа, не може да направите ништо.
– Пред некое време видовме дека и Баерн се мачи со Веен во Купот. Тоа не се случи поради квалитетот на противникот, туку поради тоа што тие покажаа поголема емоција и желба за надигрување. Така беше и овојпат со нас, – изјави Нагелсман.








