Дороти Бар (47), германска министерка за технологија и истражување од Христијанско-социјалната унија (CSU), вчера привлече големо внимание со својот моден избор за седница на Влада.
Имено, таа се појави во верзија на традиционалната баварска носија, таканаречениот дриндл фустан.
Иако оваа модна комбинација не е невообичаена во Германија, особено во Баварија и на Октоберфест, но фустанот се смета за несоодветен за седница на Влада.
Меѓутоа Бар им рече на новинарите дека дошла во дирндл фустан бидејќи морала да брза на прослава со вработените од нејзиното министерство, која била организирана во стилот на Октоберфест.
Инаку таа е позната по своите уникатни модни избори, како што е носењето дрес на Баерн на парламентарна седница во 2015 година и присуството на церемонијата на доделување компјутерски награди во мини фустан без прерамки.