Големо невреме во Трст: Поплавени улици, водата ги носеше автомобилите

Макфакс

03/09/2025

07:48

783

Големина на фонт

а а а

Големо невреме со грмотевици го погоди Трст вчера вечер, околу 19 часот. За само неколку минути, наврнаа приближно 40 милиметри дожд на квадратен метар.

На многу улици, водата ги крена капаците на шахтите или однесе канти за ѓубре. Поројот однесе и возила, објави Индекс.хр.

Интернет и телефонските врски биле во прекин подолго време. Електричната енергија беше во прекин на некои улици во центарот на градот. Противпожарната служба имаше десетици интервенции поради луѓе заглавени во лифтови, автомобили заглавени во вода и поплавени подруми и куќи.

Потпорен ѕид се урна, оштетувајќи автомобил. Инцидентот се случил кратко по 21 часот, кога жителите во областа слушнале силен тресок.

Во тој момент никој не поминувал покрај ѕидот. Имало материјална штета, но луѓето што живеат во блиските згради биле во страв. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот за да го обезбедат местото и да спречат понатамошни уривања.