Претседателот на Сојузот на стопанските комори избран за член на Високиот совет на Светската федерација на стопанските комори

Макфакс

03/09/2025

12:08

130

Големина на фонт

а а а

Сојузот на стопански комори на Македонија информира дека претседателот Трајан Ангелоски учествува на 14-тиот Светски конгрес на стопански комори (14WCC), кој се одржува од 2 до 4 септември 2025 година во Мелбурн, Австралија.

Во рамки на овој значаен глобален настан, претседателот Ангелоски беше избран за член на WCF General Council – највисокото управно и одлучувачко тело на Светската федерација на стопански комори.

Од Сојузот велат дека ова претставува исклучително признание и голема чест за Македонија, со што нашата земја добива свое место и глас во креирањето на клучните стратегии, политики и насоки за развој на стопанските комори и деловната заедница на светско ниво.

Конгресот во Мелбурн обединува водечки претставници од сите континенти, со цел унапредување на меѓународната соработка, создавање нови деловни можности и зајакнување на врските помеѓу стопанските комори и компаниите. Настанот беше свечено отворен од г. Пол Гвера, извршен директор на Victorian Chamber of Commerce & Industry и од градоначалникот на Мелбурн, Lord Mayor г. Николас Рис, кој ја поздрави меѓународната делегација и ја истакна важноста на Конгресот за глобалната бизнис заедница.

Членството на претседателот Ангелоски во WCF General Council е силна потврда дека Македонија се позиционира како активен и влијателен партнер во глобалните економски текови, обезбедувајќи нови можности за домашните компании и претприемачи.

„Ова е значаен момент и гордост за нашата држава. Со овој чекор, Македонија добива право на глас во донесувањето на најважните одлуки на меѓународно ниво, а воедно и можност да го претстави својот претприемачки дух пред светот,“ истакна Ангелоски.