[ФОТО] Неверојатна фотографија од УС Опен: Италијански фотограф „фатил“ зачудувачки кадар, сите се прашуваат како успеал

Точка

27/08/2025

18:52

1.239

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот фотограф Реј Џубило успеал да направи неверојатна фотографија на УС Опен.

Во дуелот на италијанската тенисерка Јасмин Паолини против Австралијката Дестанеа Аиава во првото коло од турнирот, настана фотографија која веројатно веќе спаѓа во најдобрите спортски фотографии во историјата.

Имено Џубило ја објави фотографијата на својот Инстаграм профил на која се гледа моментот кога Паолини замавнала со рекетот, а тој го „фатил“ кадарот во кој нејзините очи, нос и уста се совршено усогласени со дизајнот на нејзиниот рекет.


Едноставно тоа бил совршен тајминг и совршен агол на фотографирање и очекувано фотографијата стана хит на социјалните мрежи, а многумина се прашуваат како Џубило успеал во тоа.

Инаку Џубило е постојан фотограф на Il Tennis Italiano и има документирано многу неверојатни снимки на неговиот Инстаграм профил.

Што се однесува до самиот резултат, Паолини победи со 2:0 во сетови, а денес ќе се соочи со Американката Ива Јовиќ во второто коло.