Доскорешниот фудбалер на Милан, Алесандро Флоренци, денеска преку социјалните мрежи објави крај на својата професионална фудбалска кариера.
Флоренци се повлекува на 34-годишна возраст, а откако му истече договорот со Милан и реши да не настапува за друг клуб во новата сезона.
Бекот е производ на младинската академија на Рома, долго настапуваше и за сениорите, чиј капитен беше во еден момент, а забележа 280 настапи само во сениорска конкуренција.
Потоа играше на заем во Валенсија, ПСЖ и Милан, по што „росонерите“ го откупија неговиот договор и Флоренци настапуваше за Милан до крајот на претходната сезона. Флоренци забележа и 42 настапи за италијанската репрезентација, со која беше и европски шампион.