Петар Сучиќ е ново хрватско засилување за Интер, а неговиот настап на дуелот со Торино донесе многу пофалби и позитивнии импресии за стартерот на Кристијан Киву.
Сучиќ во Милано пристигна од редовите на Динамо, а по одличните настапи на Светското клупско првенство, сега очигледно ќе го потврди потенцијалот и во Серија А и Лигата на шампионите.
Неговиот сонародник, легендарниот Роберт Просинечки, во изјава за „Газета дело Спорт“ вели дека Сучиќ може да го надмине и Марсело Брозовиќ, кој имаше успешен престој во Интер.
– Сучиќ е она што Интер го посакуваше, комплетен играч за врска со репрезентативен калибар, кој е подготвен да ја носи играта на голем клуб.
– Делува многу зрело за возраста од 21 година, го поседува потребниот интензитет за пресинг, мирен е кога ја поседува топката и е технички поткован. Во моментов се уште е во развојна фаза, но мислам дека може да го надмине Брозовиќ, мислам дека е модерен фудбалер кој многу трча и е зрел за највисоко фудбалско ниво, – рекол Просинечки.