Францускиот селектор Дидие Дешамп денеска ќе го објави составот на националниот тим за претстојните септемвриски натпревари, а на него нема да се најде фудбалерот одлично ја отвори сезоната во Англија, тврдат француските медиуми.
Уго Екитике направи трансфер од Ајнтрахт во Ливерпул и веднаш почна да ги полни мрежите на противниците на англискиот шампион, но тоа не е доволно да добие повик за националниот тим.
„Ле Фигаро“ тврди дека потезите на Дешамп можат да го насочат Екитике кон прифаќање на понудата да настапува за камерунската репрезентација, нешто што долго време му е изводлива опција.
Екитике досега трпеливо чекаше шанса за влез во францускиот состав, но останува да се види колку трпение ќе има и дали ќе се реши да настапува за африканската селекција.
На стартот на новата сезона, Екитике стрелаше во Супер купот, како и во воведните две кола од Премиер лигата.
Најавите се дека Дешамп покрај Мбапе и Дембеле, во офанзивниот дел ќе им даде предност на Олис, Дуе и Шерки.