[ФОТО] Милијардерот Безос ја погреба мајка си, а сите се изненадени како се облекла сопругата Лорен Санчез: „Бог нека ѝ помогне...“

Точка

25/08/2025

10:06

3.062

Големина на фонт

а а а

Пред една недела почина мајката на познатиот милијардер Џеф Безос, Џеклин Безос, а пред неколку денови беше погребана на Флорида.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос пристигнал на погребот на својата мајка Џеки во друштво на сопругата Лорен Санчез Безос со која се венчаше летово, а парот пристигнал во црквата држејќи се за раце.

Како и секојпат, поранешната новинарка Лорен Санчез откако се појавила на погребот, социјалните мрежи веднаш биле преплавени со нејзини фотографии и коментари за стилот.

Овојпат Санчез одлучила да носи тегет сако и црно миди-здолниште. Ги комбинирала со папучи на висока потпетица и бисери, додека пак косата ѝ била врзана во висока пунџа и носела очила за сонце.

Сопругата на Џеф Безос се нашла на критики поради тоа што комбинирала две бои, тегет и црна, па реакциите главно биле негативни, а нејзиниот избор на облека се смета за пристоен за погреб.

„Човекот има милијарди, а таа носи црно здолниште со тегет сако?“, „Зошто Безос не ангажира стилист за оваа жена која е лишена од вкусот?“, „Никогаш не сум видела дека некој носи папучи на погреб“, „Изгледа дека сите црни сакоа на светот се распродадени“, биле само дел од коментарите.

Меѓутоа, многумина со оглед на провокативниот стил на Лорен, велат дека тоа е знак на почит кон покојната Џеки Безос, со оглед на тоа што таа била закопчана до грло.

„Добро е што воопшто се облекла“, „Дали сте сигурни дека ова е Лорен? Не ја препознав без деколте“, „Не знам зошто ја критикувате, ова е голем успех за неа, барем е облечена“, коментирале луѓето.

Облекувањето на госпоѓа Безос секогаш привлекува внимание

Стилот на Лорен најчесто се опишува како луксузен и провокативен со доза на елеганција, но многумина ѝ замеруваат дека не е вешта во комбинирањето парчиња и бирањето облека за различни пригоди.


Често бира тесни фустани кои ја истакнуваат нејзината фигура на тело, длабокото деколте, а носи и високи потпетици и луксузни чанти.

На јавните настани комбинира класични кроеви со модерни детали, додека пак приватно сака полежерни и и натаму провокативни комбинации.