Кејт Мидлтон важи за една од најелегантно облечените принцези во светот.
Често може да се види во комбинации кои зрачат со класична елеганција, а нејзиниот заштитен знак се свечените и отмено стилски изданија.
Последен пат ја воодушеви јавноста со креација на српска дизајнерка на „Вимблдон“, а сега направи драстична трансформација на својот имиџ.
Blondish Kate. 🤔
— New World Disorder 1111 (@NWDisorder1111) August 24, 2025
Attending church in Balmoral today. #KateWhatReallyHappened#RoyalDeception#AbolishTheMonarchy pic.twitter.com/T1hGLADre3
Принцезата од Велс неодамна беше фотографирана во автомобил, во друштво на принцот Вилијам и нивните деца. Според странските медиуми, семејството се упатило кон црква во Шкотска, за извршување на кралски должности.
И токму Кејт Мидлтон го привлече целото медиумско внимателние. Иако фотографите снимија малку, нејзината коса беше во прв план.
Наместо темните локни кои со години ја красеа убавата принцеза, овој пат низ стаклото на автомобилот се наѕираа руси нијанси, пренесува „B92“.