За Германците одењето во ресторан станува луксуз, бројни угостителски објекти се затвораат: „Ситуацијата е напната“

Точка

23/08/2025

17:24

1.278

Големина на фонт

а а а

За сè поголем број луѓе во Германија, одењето во ресторан е луксуз. Многу ресторани се затвораат поради пад на прометот.

Германските угостители продолжија да запаѓаат во подлабоки проблеми во првите шест месеци од оваа година.

Германските ресторани бележат пад на прометот, а истовремено губат и клиенти. Приходите, кога ќе се земат предвид фактори како што е инфлацијата, се намалиле за дополнителни 3,7% во првата половина од годината во споредба со веќе слабиот период од претходната година, објави Федералниот завод за статистика.


Само значителното зголемување на цените им помогна на угостителите и хотелиерите да одржат ниво на приход што им обезбедува егзистенција. Номинално – односно, без да се земе предвид инфлацијата – приходите биле само 0,1% пониски од претходната година.

Со реален пад од 4,1% угостителската индустрија беше повеќе погодена од хотелите и другите даватели на сместувачки капацитети, кои мораа да се справат со пад на прометот од 2,6%.

Предјадење? „Nein, danke…“

Според Германското здружение на хотели и ресторани (Дехога), многу потрошувачи станале поштедливи. „Чувствителноста на цените и воздржаноста на потрошувачите се значително зголемени“, изјави неодамна претседателот на Дехога, Гвидо Цолик. „Многу гости поретко јадат надвор, избираат поевтини оброци и се откажуваат од дополнителни оброци како предјадење или втор пијалак“.

Зголемените трошоци претставуваат голем товар за многу мали и средни семејни бизниси. „Ситуацијата во индустријата е напната, а перспективите за втората половина од годината не се сјајни“, рече Цолик.


Повисок ДДВ за храна

Целосната стапка на ДДВ од 19% за храна, која повторно стапи на сила од почетокот на 2024 година, веројатно придонесе за тој пад.

По краткиот пораст за Велигден, ситуацијата дополнително се влоши во текот на летото. Во јуни, прометот бил за 5,9% помал отколку во истиот месец минатата година, а кога ќе се вклучи факторот на раст на цените, прометот бил за 3,4% помал отколку пред една година.

Здружението Дехога сега се надева на нова помош од политиката. Според најавите од федералната влада составена од ЦДУ/ЦСУ и СПД, стапката на ДДВ повторно ќе се намали следната година на ниво од 7%, што важеше и за време на Ковид-19.