Некои жени и на 50 години изгледаат младолико, додека пак други изгледаат за деценија постаро. Може ли генетиката и негата да направат толкава разлика или сепак за сѐ е одговорен начинот и квалитет на живот?
Во процесот на стареење учествуваат разни фактори, особено начинот на исхрана, нега на кожа, физичка активност, но тука ќе спомнеме само 5 фактори.
1. Стрес
Многу години концентриран стрес од којшто не може да се ослободите. Најболните искуства се сериозни неволји со деца, болести на саканите, недостаток на пари, неперспективна работа и психички притисок. Кај долготрајниот стрес, секој ден мора да се плашите и нешто да одлучите, па повторно да се плашите, па да одлучите.
Како резултат на тоа, хормоналниот систем, мускулно-скелетниот ситем, кардиоваскуларниот систем трпат.
Еден од предусловите за среќен и здрав живот, е подобра енергија и намалено ниво на стрес.
2. Тешка работа
Физичката работа во тешки услови исто така може да биде причина за недостаток на енергија, брчки на лицето, оштетена кожа и намалена виталност.
3. „Лесна“ работа
Интересно е тоа што при процената на тежината на работата вообичаено со презир се говори за т.н. „лесна“ работа. Се чини како да прашувате: Што работи писателот или блогерот? Седи сам, размислува за тоа и пишува. Што прави шефот во својата канцеларија? Но, сето тоа психички исцрпува.
4. Губење на генетската лотарија
Некои од жените стареат побрзо, а други подоцна, а многумина тоа го постигнуваат благодарение на генетиката. Генетиката е лотарија, зависи од вашата среќа. Сепак, генетиката не мора да биде пресудна затоа што промената на стилот на живот и навиките најмногу влијаат врз стареењето.
5. Конфликт со желбите, соништата и целта
Генерално, жените кои работат на она што навистина го сакаат и ги остваруваат своите соништа изгледаат подобро, подоминантни се и посвежи од оние кои не го прават тоа.