Ѓоковиќ од Америка: „Србија е на раб од граѓанска војна, на луѓето најмалку им е до спорт сега“

Точка

23/08/2025

13:01

2.063

Големина на фонт

а а а

Новак Ѓоковиќ, според многумина најдобриот тенисер во историјата, се огласи од Соединетите Американски Држави. Емотивниот Новак на почетокот од разговорот со новинарите од Србија изјави: „Сè што можам да кажам е дека ние не сакавме да го преселиме турнирот, тоа е сè што можам да кажам. За жал, така е, како што е…“

Потоа зборувал за турнирот што ќе го организира во Грција:

„Се радуваме што ќе дојдеме во Атина, каде што навистина нè пречекаа многу пријателски. Многу се среќни што ќе имаат прилика да имаат турнир за првпат од деведесеттите години. Голема работа за Грција, која е поголема држава од Србија, но слични сме во контекст на менталитет. Сакаат кошарка, сакаат спорт, во тенисот сега ги имаат Циципас и Сакари, кои со години се на врвно ниво, и тенисот станува сè попопуларен. Се радуваме затоа што турнирот ќе се одржува во ОАКА арената, која е голема и прекрасна. Јас постојано следам кошарка, се надевам дека посетеноста ќе биде голема.“


За враќањето на турнирот во Србија, изјави:

„Дали ќе се врати турнирот во Србија… Јас се надевам дека ќе се врати. Од наша страна секогаш постои таа желба и тенденција, мојот брат Ѓорѓе – кој го води турнирот – едноставно беше ставен во ситуација турнирот да мора да се пресели. Се надевам дека ќе дојдат малку подобри времиња во следните години, па да се врати турнирот, можеби дури и во некоја повисока категорија, никогаш не се знае. Белградската публика сака и следи тенис, Србија во последниве дваесет години стана земја на тенисот, со сите наши успеси.“

Но, Новак не можел да го игнорира хаосот што се случува во Србија во изминатите десет месеци.


„Сепак, состојбата во земјата генерално е таква што на луѓето најмалку им е до спорт… Многу нешта се случуваат, голема е транзицијата генерално и на народот и на државата… Без да навлегувам во политика, бидејќи веќе доволно сум зборувал за тоа, се надевам дека малку ќе се смират страстите. Сè тоа премногу ескалираше, буквално сме на границата на граѓанска војна. Се надевам дека ситуацијата малку ќе се смири, но нема никакви назнаки за тоа“, заклучил Ѓоковиќ.

Српскиот тенисер ќе го отвори натпреварувањето на УС Опен против Лернер Тиен, инаку 48. тенисер на светот, во ноќта меѓу недела и понеделник од 1.00 ч