Младиот бразилски фудбалер Натанзињо, кој има само осум години е толку талентиран што веќе потпиша долгогодишен договор со брендот за спортска опрема Најк.
Денешниот фудбал се базира на маркетинг, а потегот на „Најк“ да спонзорира и потпише договор со осумгодишно момче е доказ за тоа.
Ова не е „обично“ момче, туку, како што го нарекоа, чудо од дете. Се работи за осумгодишниот Натанзињо, талентиран фудбалер на Фламенго кој се смета за најголем талент во бразилскиот фудбал.
Снимките од Натанзињо на кои се гледа што прави со своите врсници на теренот станаа вирални. Тој игра и против постари момчиња и тие не му претставуваат никаква пречка на теренот.
Инаку Натанзињо влезе во историјата како најмлад фудбалер што некогаш потпишал ваков договор. Според бразилскиот весник „О Глобо“, „Најк“ ги обезбедил правата за еден од најголемите таленти во светскиот фудбал, истакнувајќи ги очекувањата околу младиот играч.
Минатата сезона, тој постигна 18 гола во националното првенство во Рио и беше најдобар играч и стрелец на натпреварувањето.
Инаку Најк направи сличен потег со големиот талент на Борусија Дортмунд, Јусуф Мукоко, но тој во тоа време имаше 14 години. Сепак, неговата кариера не се развиваше на посакуваниот начин.