Елизабет Тејлор знаела како да живее и сака, се омажила осум пати поради својот „апетит“ кон мажите, а во себе носела љубов за каква поголем дел од луѓето може да сонуваат.
„Во врската играј според свои правила, испрати го ѓаволот на очекувањата на околината“, велела Тејлор.
Тејлор која имала четири деца додала: „Не се претворам дека сум обична домаќинка. Не сум и не можам да бидам“.
И навистина, таа била сѐ освен обична. Додека нејзините колешки глумеле совршени жени фотографирајќи се за магазините, Лиз не ги криела своите амбиции, Лиз ги „трошела“ мажите како чоколадо во време во кое разводот не бил прифатен како денес.
Очекувај кавги
Несогласувањата се составен дел од врските. Тејлор и Бартон биле толку подготвени на тоа, што наводно зеле по три апартмани во хотелите, еден над и еден под нивниот. Сфатиле дека на тој начин ќе ги поштедат соседите од гласните кавги.
Немој да се омажиш додека не го најдеш вистинскиот. Но, признај си себеси дека е лудо што го бараш после четири или пет бракови.
„Јас сум многу посветена сопруга, но би требало да бидам посветена затоа што толку многу пати сум се венчала“, рекла Елизабет.
Венчај се за некој кој мисли дека си божји подарок на човештвото
Нејзиниот петти и шести сопруг Ричард Бартон во едно писмо напишал:
„Таа е срамежлива и духовита, не е ничија будала, одлична акатерка е, поубава од сите. Умее да биде арогантна, блага и полна со љубов, слатка кралица. Таа е неделно дете, ги толерира моите пијанства и неодговорност, таа е болката во стомакот кога не сум со неа и ме сака“.
Не кради го сопругот на другарка ти, но доколку го украдеш, смири се со неа. Женската солидарност е поважна од љубовниците
Логично би било односот меѓу Лиз и Деби Рејнолдс да биде лош, поради тоа што Еди Фишер ја напуштил Деб поради Елизабет. Наместо тоа тие две останале другарки до смртта на Тејлор во 2011 година.
„Жените ја сакаа, мажите ја обожуваа, а меѓу нив беше и мојот сопруг. Луѓето секогаш мислеа дека сум полна со бес, но не е така. Го надминавме тој период“, изјавила Деби откако Лиз починала.
Не потценувај го тоа што имаш потреба за страст
„Признавам дека страста ме води“, изјавила Тејлор. И, така било. Нејзината страст довела до тоа Ватикан да ја обвини за неморал.
Не одбивај дијаманти од партнерот, дури и доколку пристигнуваат како „луле на мирот“ после кавга
Лиз наводно добила дијамантски ѓердан по една од многуте кавги со Бартон. Би било непристојно да го одбие, нели?
Не обидувај се да го сфатиш спротивниот пол. Доколку не му се допаѓаш, спушти ги рамениците и продолжи понатаму
„Мислам дека кога ќе дојдете во одредени години, некои мажи се плашат да пораснат. Очигледно е дека колку мажот е постар, пронаоѓа помлада жена“, изјавила Лиз.