[ФОТО] Дакота Џонсон во кожен „Гучи“ фустан го хипнотизираше Лос Анџелес: Минималистичко металик издание за модна историја

Точка

21/08/2025

11:14

1.014

Големина на фонт

а а а

Актерката Дакота Цонсон е вистински доказ дека „помалку е повеќе“, секогаш точна во сѐ, особено во модата.

Дакота Џонсон во последно време ни покажува прекрасни модни изданија, а многу од креациите во кои се појавува луѓето ги нарекуваат „одмазднички фустани“ поради тоа што неодамна ја раскина долгогодишната врска со пејачот Крис Мартин.


Како и да е, нејзините модни комбинации се атрактивни, беспрекорно стилизирани и буквално го одземаат здивот.

Така било и неодамна кога се појавила на премиерата на филмот „Splitsvile“ во Лос Анџелес во „Гучи“ креација на која многумина не останале рамнодушни.

Таа на црвениот тепих прошетала во сребрен, кожен фустан од брендот „Гучи“ којшто бил изработен по мерка.


Топ фустанот ги открил рамениците, а долниот дел ја нагласил нејзината фигура, додека пак прорезот одзади дал една доза атрактивност на целокупниот изглед.

Долгата металик креација совршено ѝ стоела на актерката, а целата таа била направена од страна на стилистката Кејт Јанг.

Актерката носела и сребрен накит и дијаманти во вид на прстен, алка и обетки, парчиња од брендот „Роберто Коин“.


Иако на фотографиите не се гледаат поради тоа што фустанот е долг, актерката носела сандали на висока потпетица исто така од брендот „Гучи“.

Модниот избор којшто го направила овојпат, совршено се вклопува во нејзиниот моден стил во рамките на безвременските модни парчиња кои се мешаат со гламурот и модерните детали.


Ви се допаѓа ли оваа модна комбинација на Дакота Џонсон?