Невил и Карагер дадоа прогнози за новата сезона во ПЛ, Гери изненади со еден клуб во Топ 4

Дерби

19/08/2025

12:18

179

Големина на фонт

а а а

Поранешниот англиски репрезентативци Гери Невил и Џејми Карагер дадоа свои прогнози за сите најважни точки, прашања за натпреварувачката 2025/2026 во Премиер лигата.

Некогашните асови, легенди на Манчестер Јунајтед и Ливерпул имаа задача да го посочат шампионот, екипите кои ќе завршат во Топ 4, клубовите кои ќе играат во Европа, ќе испаднат од лигата, најдобриот стрелец, менаџер, засилувањето на кампањата…

Јасно е дека имаше различни одговори, но Гери беше тој кој со своите ставови се најде во фокусот, па така според него Јунајтед ќе има огромен скок и на крајот на кампањата ќе биде на местата (топ 4) кои водат во Лигата на шампионите.

Интересен беше и неговиот одговор за фудбалерот на кој треба да се вминава, неговиот избор беше бекот на Борнмут Труфер кој летово пристигна од Рен. Џејми пак во однос на оваа „точка“ го издвои талентираниот Естевао од Челси.