Манчестер Јунајтед имаше неуспешен старт на натпреварувачката 2025/2026 во Премиер лигата или поточно беше доживеа пораз од Арсенал на домашен терен од 1-0.
Меѓутоа и покрај негативниот резултат, многу навивачи на Јунајтед се задоволни од пристапот, играта што ја видоа на овој натпревар, а во таа група е и Гери Невил.
- Вчера беше прв пат кога ја гледав таа формација на Олд Трафорд, каде што си помислив: „Добро, имаме шанса тука, тоа функционира“. Тој донесе неколку различни играчи, го врати Маунт, го воведе Лук Шо на позицијата лев централен бек, тоа помогна и мислам дека беше прв пат, тоа е тежок, редок систем, потребни се специјалисти, но кога го видовте Куња како игра, го видовте Маунт како игра, го видовте Шо на позицијата лев централен бек – имаше рамнотежа! Касемиро одеднаш изгледаше како подобар играч! Веднаш изгледаше како подобар играч, - истакна Гери кој запрашан за коментарите, критиките на Маркус Рашфорд од пред некој ден, тој порача:
- Да го игнорираме тоа, бидејќи не сакам да навлегувам во коментарите на Маркус Рашфорд. Тој беше таму во клубот 10 години и имаше можност да влијае на клубот. Рубен Аморим, оваа година, мислам дека ќе направи добра работа. Маркус треба да се концентрира на Барселона.