Алонсо: Тоа нема да биде изговор…

Дерби

19/08/2025

12:59

293

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид денеска ја започнува новата сезона во шпанската Примера и тоа против Осасуна на домашен терен.

„Кралевите“ посакуваат успешен старт, три бода и јасна порака дека во тековнава кампања ќе направат се за да се вратат на тронот. Тренерот Чаби Алонсо смета дека неговата екипа ќе биде подготвена соодветно да одговори и воедно порача дека нема да има никакви изговори алудирајќи на тоа дека посакуваат, побараа поголем одмор поради учеството на Светското клупско првенство.

- Секако, за здравјето на играчите, по долга сезона, би сакале да имаме повеќе подготовки. Но, на крајот не беше така. Поминаа само две недели. Но, нема да бараме изговори. Тимот може да се натпреварува, - истакна Алонсо.

Инаку Реал ги започна подготовките за новата кампања на 4 август и останува да се види дали ова ќе се одрази врз екипата во теков на натпреварувачката 2025/2026.