Немања Матиќ на почетокот на овој месец го прослави 37 роденден, меѓутоа без разлика на тоа што се ближи кон петттата деценија од животот тој засега не размилува за заминување во фудбалска пензија.
Тој сè уште е интересен за клубовите од најсилните лиги во Европа, па откако ја заврши приказната со Лион со кого го раскина договорот може да се врати во Италија во Серија А.
Интерес за него има од повратникот во елитното друштво Сасуоло кој е предводен од Фабио Гросо. „Скај Спорт“ пренесува дека Србинот имал средба со Гросо, разговор кој поминал позитивно што значи има основа, пат да се врати во шампионатот каде веќе настапуваше за Рома во кампањата 2022/2023.