Аргентинците го најавија последното танго на Меси на 4 септември

Макфакс

19/08/2025

13:16

479

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси има 38 години и ја „верификуваше“ својата трофејна кариера со освојувањето на Светското првенство со Аргентина, во Катар во 2022 година.

Се подразбира дека тој ќе игра и на Светското првенство во Северна Америка наредната година, а аргентинските медиуми веќе зборуваат за последниот натпревар на веројатно најдобриот фудбалер во историјата пред домашната публика.

„ДСпорт“, најавува дека тоа ќе се случи на 4 септември, кога е закажан квалификацискиот натпревар против Венецуела на „Монументал“ во Буенос Аирес, а пет дена подоцна е закажан натпреварот во Еквадор.

„Жалам од срце, но, ако ништо не се промени, тоа ќе биде последен пат Меси да игра официјален натпревар со аргентинската репрезентација во Буенос Аирес. Повеќе немаме официјални натпревари во Аргентина, а во 2026 година, доколку се исполнат условите, ќе играме пријателски, бидејќи нема планирани официјални натпревари“, објасни новинарот Фернандо Чиз и подвлече: „Тежок удар е да се прифати дека ова е речиси сигурно последен пат Лионел Меси да стапне на „Монументал“ во официјален натпревар.“

Аргентина, Еквадор и Бразил веќе обезбедија учество за следното Светско првенство.