Легендарниот актер Патрик Свејзи е роден на денешен ден во 1952 година. Ја воодушеви јавноста со својата улога во филмот „Валкан танц“, а почина во 2009 година, на 57-годишна возраст, по битката со рак на панкреас.
Да беше жив, Патрик Свејзи денес ќе го прославеше својот 73-ти роденден. И додека многумина мислеа дека ги поминал последните денови од животот уживајќи на својот ранч во близина на Лос Анџелес, дури подоцна беа откриени ужасните услови во кои починал, и тоа поради неговата сопруга, која ја обожаваше.
Имено пријателите на Патрик раскажале дека Лиза Ниеми го држела како затвореник на нивниот ранч и не дозволувала никој да го посети.
Наводно, таа отсуствувала од дома со часови, а кога ќе се вратела, го наоѓала Патрик во измет и урина, тврдеа извори блиски до актерот. Свејзи и Ниеми биле во брак од 1975 година и немале деца, а актерот никогаш не криел колку таа му значела.
Инаку, во помладите години, Патрик се занимавал со гимнастика и пливање, како и со балет, но сериозна повреда на коленото ја прекинала неговата натпреварувачка кариера. После тоа, се обидел да глуми и успеал. Ја започнал својата кариера во локалните театри, а неговите настапи брзо станале популарни, па дошла и покана за Холивуд. Првите филмови не постигнале голем успех, но Патрик не се откажувал.
Иако на филмот „Валкан танц“ му предвидуваа голем неуспех, улогата во него го прослави. Следеше филмот „Дух“ со Деми Мур, а останатото е историја.
За жал, Патрик западнал во голема животна криза во 1994 година, кога неговата сестра изврши самоубиство, па утехата ја пронашол во алкохолот. Исто така во интервју со Барбара Волтерс, тој призна дека пушел до 60 цигари дневно.
Последните фотографии од познатиот актер го растажија целиот свет бидејќи изгледаше испиен и немоќен, а уште полошо беше кога се дозна како неговата сопруга се однесувала кон него во тоа време.