Четврт век брак и 25 години разлика: Кетрин Зета-Џонс проговори искрено за односот со Мајкл Даглас

Точка

18/08/2025

16:59

584

Големина на фонт

а а а

Кетрин Зета-Џонс, која повторно може да ја гледаме како Мортиша Адамс во новата сезона на „Wednesday“, на прашањето по повод 25-годишнината од бракот со Мајкл Даглас, се пошегува дека таа и Мајкл Даглас успеале да останат заедно затоа што „Не сме се обиделе да се убиеме еден со друг. Сигурна сум дека тој се обидел, но никогаш не успеал“.

Извори блиски до Кетрин Зета-Џонс велат дека 55-годишната велшка добитничка на Оскар е посреќна од кога било и во личниот живот, опишувајќи го својот 25-годишен брак со филмската икона Мајкл Даглас како навистина добар.

Ова ги негираше неодамнешните гласини дека нивната врска е во криза. ВО едно неодамнешно интервју Кетрин отворено зборуваше за нивниот брак.


Таа призна дека нејзиното семејство, исто како и Адамсови, има свои „чудни предизвици“ што научиле да ги прифаќаат, а не да ги кријат.

„Имам сопруг кој ме слуша и јас сум сопруга која го слуша него. Затоа сега стигнавме до точка каде што не можеме да биде подобро“, рече таа.


Нејзина долгогодишна пријателка откри: „Веројатно е изненадување и за Кетрин и за Мајкл што стигнаа до оваа фаза од нивните животи. Љубовта отсекогаш била тука, но, како и кај секој пар, имаше подеми и падови. Имаше моменти кога нивниот брак висеше на конец и многумина не веруваа дека ќе преживее. Кетрин сега е во навистина добра состојба – и професионално и приватно – и тоа е одлично да се види. Но, не беше секогаш така“.