Романтичната драма „The Map That Leads to You“ веќе е хит, а сè уште не е ни објавена. На „Prime Video“ на 20 август пристигнува новиот филм со наслов „The Map That Leads To You“, базиран на познатиот роман на Џ. П. Моннингер од 2017 година. Зад драмата стои шведскиот режисер Ласе Халстром, познат по режијата на филмовите „Hachiko: A Dog’s Story“, „What’s Eating Gilbert Grape“, „A Dog’s Purpose“ и „Chocolat“.
Ѕвезди од Gen Z во главните улоги
Главните улоги во филмот ги имаат Медлин Клајн (27) и Кеј Џеј Апа (28).
Медлин Клајн е американска актерка и модел. Најпозната е по улогите во тинејџерската драмска серија на Netflix „Outer Banks“. Има и улога во неодамна објавениот филм „I Know What You Did Last Summer“.
Кеј Џеј Апа, со полно име Кенети Џејмс Фицџералд, е новозеландски актер и музичар кој се прослави со улогата на Арчи во популарната тинејџерска серија „Riverdale“.
Споредни улоги во филмот имаат Џош Лукас, Софија Вајли, Мадисон Томпсон, Орландо Норман, Мерилин Катс, Џеј Ар Еспозито и други ѕвезди.
За што станува збор во „The Map That Leads to You“?
Истоимениот роман веднаш по објавувањето стана бестселер, а многу читатели го споредуваат со книгите на авторот Николас Спаркс, автор на мегахитовите „The Notebook“ и „A Walk to Remember“. Режисерот Ласе Халстром претходно има екранизирано некои од љубовните романи на Спаркс, па се верува дека и овој филм ќе постигне успех.
Значи, сценариото е следно: Хедер Малгру со најдобрите пријателки одлучува да тргне на патување низ Европа. На нејзината мапа се вцртани најубавите градови, како Амстердам, Берлин, Прага и Париз, пред да го започне својот до детали испланиран живот.
На патувањето случајно го запознава Џек. Џек со себе носи истрошен дневник што неговиот дедо го испишал по Втората светска војна. Токму тој станува негов водич. Секоја страница ги носи во нов град и открива по некоја тајна, а во исто време меѓу Хедер и Џек почнуваат да се раѓаат силни емоции. Додека нивните тајни и животни одлуки ја ставаат врската на искушение, нејзиниот испланиран пат засекогаш се менува.
Хит на социјалните мрежи
Додека се чека филмот да излезе, исечоци од него се насекаде по социјалните мрежи. „Prime Video“ објавува кратки видеа како најава за претстојниот филм, а младите со нетрпение ја чекаат премиерата и ги бројат дните.
Тие се воодушевени од виденото, особено од хемијата помеѓу главните ликови. Се чини дека Џек и Хедер би можеле да станат омилен филмски пар на Gen Z.