Не стивнува војната меѓу Меланија и синот на Бајден: На нејзините закани за тужба ѝ одговори жестоко и со псовки

Точка

15/08/2025

17:39

1.793

Големина на фонт

а а а

Откако во јавноста се појави веста дека Меланија Трамп планира да поднесе тужба против Хантер Бајден вредна 1 милијарда долари, тој реагираше бурно и без влакна на јазикот.

Бајден не изгледа премногу загрижен за тоа што Меланија Трамп ќе го тужи за коментарите што ги даде во поткаст, во кој ја поврза со осудениот педофил Џефри Епстин, пишува „Скај њуз“.

Всушност, неговиот одговор на барањето на првата дама за извинување може да се сумира во само два збора: „Е** го тоа“ (F**k that).


Во јулско интервју со новинарот Ендру Калахан, синот на поранешниот претседател Џо Бајден ги повтори тврдењата дека Епстин ја запознал првата дама со сегашниот претседател Доналд Трамп.

Додека Меланија тврди дека станува збор за клевета и нарушување на угледот, Хантер Бајден очигледно е решен да ѝ возврати директно, без дипломатски зборови.


Оваа изјава дополнително го разгоре медиумското внимание околу случајот, кој веќе предизвикува бурни реакции во американската јавност.