Највисокиот главен град во Европа се наоѓа на 1.023 метри надморска височина, а е специфичен и по некои други работи. Меѓу другото, нема аеродром ниту возови.
Сместен во Пиринеите, Андора ла Веља, е најголемиот и главен град на Андора. Ова е исто така еден од најмалите европски градови. Зафаќа само 12,9 квадратни километри.
Иако нема аеродром ниту железничка станица во целата земја, а камоли во Андора ла Веља, туристите се собираат тука за да уживаат во шопингот без царина и во еден од најголемите спа-комплекси во Европа.
Ако сакате да го посетите, ќе мора да бидете креативни кога го планирате вашето патување, летањето до Франција или Шпанија и патувањето до Андора оттаму.
Можете да го посетите само за еден ден. Исто така се нарекува рај за шопингхоличари. Има една од најниските стапки на ДДВ во Европа и е центар на огромни стоковни куќи и продавници без царина, каде што можете да набавите луксузни стоки, парфеми и алкохолни пијалоци по пониски цени.
Друга атракција на Андора ла Веља е Калдеа, најголемиот термален спа центар во јужна Европа. Отворен е во 1987 година. Има внатрешни сауни и амами, како и надворешна лагуна, каде што можете да се опуштите додека уживате во планинскиот поглед.