Заборавете на млеко, шеќер и маргарин: Рецепт за здрава бајадера во која можете да уживате и кога сте на диета

Точка

16/08/2025

15:26

2.902

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа дека во лето честопати обрнуваме поголемо внимание на тоа што јадеме отколку во зима, во продолжение рецептот за десерт што лесно се приготвува и што може да се јаде дури иако сте на диета.

Се работи за здрава бајадера, која не вклучува класични состојки како што се шеќер, млеко, бисквити и маргарин.

За кора

1 и пол шолја лешници или бадеми претходно натопени во вода преку ноќ

1 шолја суви урми

1 лажица какао во прав


За крем

2 шолји индиски ореви или пињоли

1/2 шолја вода

4 лажици сируп од агаве

5 лажици кокосово масло

1 лажица ванила

За чоколадна глазура

1/2 шолја какао путер

2 лажици какао во прав

3 лажици сируп од агаве или кокосов шеќер


Подготовка

Крупно измелете ги бадемите, потоа додадете ги урмите и какаото и миксирајте додека да се соединат.

Потоа ставете ја смесата на дното од калап обложен со хартија за печење и добро притиснете за да формирате кора.

Измиксирајте ги сите состојки за крем додека смесата да стане густа и мазна.

Со кремот прелијте ја кората и ставете го колачот во фрижидер.

Потоа растопете го какао путерот на пареа, измешајте го со другите состојки и енергично мешајте, па со тоа прелијте го приготвениот колач и вратете го во фрижидер.