Милан претрпе поголеми промени ова лето и Масимилијано Алегри ќе има далеку поинаков тим од оние кои ги имаа неговите претходници Консеисао и Фонсека, не само во средниот ред и нападот, туку и во одбраната.
„Росонерите“ добија нов лев бек во Еступињан кој дојде како директна замена за Тео Ернандес, но од денеска, Милан има и нов десен бек.
Станува збор за талентиран фудбалер кој доаѓа од редовите на Јанг Бојс, а чиј трансфер го чини клубот околу 10 милиони евра.
Швајцарскиот дефанзивец Закари Атекаме е нов фудбалер на Милан според петгодишниот договор кој го потпиша денеска, а младиот 20-годишен фудбалер во новиот тим ќе го носи дресот со број 24.
Атекаме е седмо летно засилување за Милан во досегашниот тек на преодниот рок, во кој Игли Таре како спортски директор ги осигура Терачано, Модриќ, Еступињан, Де Винтер, Ричи и Јашари.