Србија може да остане без главниот плејмејкер за ЕП: Ситуацијата не е идеална

Дерби

15/08/2025

13:23

251

Големина на фонт

а а а

Србија според многумина е главен фаворит за златниот медал на претстојното Европско првенство, но подготовките за континенталниот турнир сепак не одат во тек како што посакува Светислав Пешиќ.

Искусниот српски стручњак сè уште чека финални одговори од неколку играчи, а најзагрижен е за главниот плејмејкер на тимот, Василије Мициќ.

Играчот на Тел Авив нема да биде дел од подготвителниот турнир во Минхен, но Пешиќ порача дека тој е неизвесен и за Европското првенство.

– Ситуацијата не е баш идеална. Смаилагиќ и Трифуновиќ се уште не се подготвени за тренинзи, а се обидуваме да го вратиме и Василије.

– Сепак, тоа не оди според планот, работите не се онакви како што ги предвидовме. Васа се обидува, навистина се труди, но се уште има болки. Наредните неколку дена ќе мора да пресечеме и да донесеме одлука дали ќе биде дел од Европското првенство, – изјави Пешиќ.