Славната српска одбојкарка Слаѓана Ериќ (42) ги воодушеви фановите со провокативни фотографии од летувањето во Грција.
Ериќ, која и понатаму активно се занимава со одбојка, го користи слободното време за одмор по завршувањето на сезоната и за подготовка за следната.
Моментално ги брани боите на „Vizura“, но покажа дека не дозволува да биде критикувана без аргументи.
Многу жени ѝ завидуваат и се прашуваат која е тајната на нејзината совршена фигура и во 42. година. Таа внимателно се грижи за своето тело, што се гледа и по фактот дека и понатаму успешно игра одбојка на високо ниво – во време кога повеќето нејзини врснички одамна се пензионирани.
Која е Слаѓана Ериќ?
Родена е во Тузла, а сениорската кариера ја започнала во Црвена Звезда, носејќи го и дресот на белградскиот Партизан. Најголемиот дел од својата кариера го поминала во странство, а минатата година пристигна во грчкиот Аполон, иако претходно планирала да се пензионира.
„Сакав да ја завршам кариерата и да се насочам кон други работи во животот. Имав разни деловни понуди – некои целосно неповрзани со одбојката, а некои директно поврзани со неа. Ја завршив и школата за тренери, долго размислував и проценував која е најдобрата опција. Сепак, во цело тоа време ме контактираа и се распрашуваа дали сè уште сум заинтересирана да играм – не само од Србија. Тоа ми создаде впечаток дека можеби навистина би можела да ја продолжам кариерата уште една година“, изјави Ериќ.