Компани потврди заминување на голема ѕвезда на Баерн: Мораме да ја прифатиме неговата одлука

Дерби

15/08/2025

11:50

360

Големина на фонт

а а а

Статусот на Кингсли Коман како стартер во Баерн Минхен значително опадна по пристигнувањето на Венсан Компани, па после низа најави за негово заминување, сега оваа информација ја потврди и самиот тренер на германскиот шампион.

Компани во најавата за Суперкуп финалето со Штутгарт потврди дека Коман е изоставен од тимот поради финализирање на завршните детали од неговиот трансфер, по што се очекува во најскоро можно време да биде претставен како нов фудбалер на Ал Наср.

Француското крило после осум години го напушта Баерн и средината во која освои се што може да се освои, а следна негова дестинација ќе биде Ал Наср каде ќе соработува со Кристијано Роналдо.

– Кога така успешен играч како Коман го напушта клубот, секогаш преовладуваат многу емоции. На крајот, моравме да ја прифатиме неговата одлука.

– Имаме огромна почит за тоа што го направи за Баерн, но од моја гледна точка како тренер, во овој момент приоритет се оние играчи кои се гледаат себеси во тимот, – изјави Компани.