Весна Стојановска со нова „жетва“: Пет медали во пет стартови на СП во Сингапур!

Дерби

15/08/2025

16:27

536

Големина на фонт

а а а

Македонската олимпијска репрезентативка во пливање, Весна Стојановска Шелнут, се враќа со пет нови медали од Светското првенство во пливање кое се одржа во Сингапур.

Таа по традиција настапува на најголемите светски манифестации во категоријата „мастерс“, а овој пат во Сингапур имаше пет стартови и во сите пет трки освои медали за пливачи во својата возрасна категорија.

– Учествував на трките од 100 и 200 метри пеперутка, како и 200, 400 и 800 метри слободно. Двете златни медали ги освоив на трките од 200 метри, додека сребрените ми се на 400 и 800 метри слободно. Само во најкусата на 100 метри пеперутка имам бронзен медал,- изјави Стојановска Шелнут за „Дерби“.


Весна веќе две децении живее и работи во САД, но натпреварувачкиот дух ја води кон нови учества на големите светски натпреварувања. Во „мастерс“ категориите пливачите се поделени во возрасни категории, а настапуваат за своите матични клубови, што во нејзиниот случај е „Џорџија Мастерс“.

– Трките од „мастерс“ категоријата се пливаат одвоено, со исклучок на онаа на 800 метри каде што пливачите се рангирани според своите резултати, па се плива со ривали кои се од различни возрасни и натпреварувачки категории. Имаше преку 30 трки и огромна конкуренција поради што сум презадоволна од постигнатото,- рече Стојановска Шелнут.

Следното Светското првенство во пливање се очекува да биде одржано во Унгарија, поточно во нивниот главен град Будимпешта.